• петок, 05 декември 2025

Баер Леверкузен подготвен да го пушти Гранит Џака во Милан

Баер Леверкузен подготвен да го пушти Гранит Џака во Милан

Милано, 25 јуни 2025 (МИА) - Баер Леверкузен е подготвен да го пушти Гранит Џака во Милан, објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио на Фејсбук.

Агентите на 32-годишниот играч од средниот ред го убедија раководството на германскиот клуб да го продаде играчот за сума помеѓу 8 и 10 милиони евра.

Швајцарскиот интернационалец Џака е предмет на интерес на неколку клубови од Италија.

Минатата сезона, играчот од средниот ред одигра 50 натпревари за Баер, постигна 2 гола и имаше 7 асистенции. „Аспирините“ останаа на второто место на конечниот пласман во Првата Бундеслига.

Џака е во Леверкузен од 2023 година, а претходно ги носеше дресовите на Арсенал, Борусија Менхенгладбах и Базел.  дс

Фото: Архива

Остани поврзан