• понеделник, 16 јуни 2025

Баерн Минхен му постави рок на Лерој Сане за потпишување на нов договор

Баерн Минхен му постави рок на Лерој Сане за потпишување на нов договор

Минхен, 16 мај 2025 (МИА) - Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберле, изјави дека клубот поставил рок за напаѓачот Лерој Сане да потпише нов договор.

Директорот не спомена конкретен датум, но рече дека доколку наскоро не се постигне договор, клубот ќе биде принуден да се раздели со него.

-Лерој и неговите агенти знаат што сакаме и какви се нашите услови. Се надеваме дека тој ќе одлучи да остане со нас, рече Еберле.

Оваа сезона, Сане (29) има 13 гола и шест асистенции во 44 натпревари за Баерн. Неговиот договор со германскиот шампион е до 30 јуни оваа година.

Поранешниот играч на Манчестер Сити и Шалке неодамна ја промени агенцијата што го претставува за да ги води преговорите со Баерн. дс

Фото: Архива

Остани поврзан