• вторник, 24 декември 2024

Баерн го совлада ПСЖ и по шести пат стана европски фудбалски шампион

Баерн го совлада ПСЖ и по шести пат стана европски фудбалски шампион
Лисабон, 23 август 2020 (МИА) – Фудбалерите на Баерн Минхен се победници во Лигата на шампионите за сезоната 2019/20 година. Во последниот натпревар од елитното натпреварување за оваа сезона, Баварците вечерва во Лисабон го совладаа Пари Сен-Жермен со 1:0. Стрелец на голот вреден трофеј во Лигата на шампионите беше Кингсли Коман во 59. минута. Завршницата на Лигата на шампиони, поради пандемијата, се играше во формат „Фајнал 8“ на неутрален терен во Лисабон и без гледачи. Баерн стана европски првак по шести пат и се изедначи со Ливерпул. Претходно, тимот го освои главниот европски куп во 1974, 1975, 1976, 2001 и 2013 година. Повеќе трофеи од Баерн и Ливерпул имаат Милан (седум) и Реал Мадрид (13). зс/

Остани поврзан