• сабота, 23 ноември 2024

Баерн бара 40 милиони евра за Кимих

Баерн бара 40 милиони евра за Кимих

Минхен, 26 јуни 2024 (МИА) - Баерн Минхен очекува 40 милиони евра за да се раздели со интернационалецот Џошуа Кимих на лето, тврди германскиот весник „Билд“. Договорот на Кимих со Баерн истекува за една година и тој потоа ќе може да го напушти клубот како слободен играч.

Развој на ситуацијата околу Кимих не се очекува пред крајот на Европското фудбалско првенство кое моментално се одржува во Германија, но интересот за него го задржуваат пет солидни европски селекции. На листата се англиски Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити, како и шпанските Барселона и Реал Мадрид.

Преговорите меѓу раководството на Баерн Минхен и Џошуа Кимих за можно продолжување на договорот исто така се одложени за по Евро 2024. Шефовите на клубот мора да донесат конечна одлука дали ќе се залагаат за продолжување на договорот или ќе го продадат играчот во тековниот преоден рок. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан