• понеделник, 16 март 2026

Багаи: Иран политички и правно ќе реагира ако Романија им дозволи на САД да ги користат нејзините бази за операции против Иран

Багаи: Иран политички и правно ќе реагира ако Романија им дозволи на САД да ги користат нејзините бази за операции против Иран

Техеран, 16 март 2026 (МИА) - Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, денеска изјави дека Техеран ја предупреди Романија дека политички и правно ќе реагира доколку Букурешт им дозволи на САД да користат бази на нејзина територија за операции против Иран.

Бегај ги повика државите да не се вмешуваат во војната.

- Доколку Романија ги стави своите бази на располагање на САД, тоа би било еднакво на учество во воена агресија против Иран - истакна Багаи.

Според него, таков потег би бил неприфатлив според меѓународното право и би довел до меѓународна одговорност за Романија.

- Тоа би било црна дамка во историјата на односите помеѓу Иран и Романија. Иран ќе реагира соодветно, и правно и политички - посочи Багаи.

Парламентот на Романија на 11 март го одобри барањето на САД за привремено распоредување воени сили и опрема во земјата поради војната во Иран. Претседателот на Романија, Никушор Дан, изјави дека опремата е строго одбранбена и ќе биде распоредена врз основа на стратешкото партнерство.

- Романците не треба да се грижат, земјата е побезбедна благодарение на зголеменото американско воено присуство - изјави тогаш Дан. ми/

фото: иранско МНР

Остани поврзан