• понеделник, 23 декември 2024

Баварија размислува за затворање на границите со Австрија

Баварија размислува за затворање на границите со Австрија
Берлин, 9 февруари 2021 (МИА) - Германската покраина Баварија размислува да ги затвори своите граници кон Австрија затоа што на тамошните власти не им се допаѓа одлуката на австриската Влада за постепено олеснување на епидемиолошките мерки. - Тоа што го прави Австрија е неодговорно, изјави генералниот секретар на ЦСУ, Маркус Блуме, за германските РТЛ и НТВ. Тој посочи дека Германија е загрижена поради силното ширење на британските и јужноафриканските соеви, особено во австриската провинција Тирол, која се граничи со Баварија. - Ние нема да дозволиме тој бран да се прошири до нас преку границата.Затоа е добро и важно што граничните контроли сега се засилени, додаде тој. Блуме посочи дека затворањето на границата е исто така можност, иако, како што рече, само како последно средство. Претходно, премиерот на Баварија и лидер на ЦСУ, Маркус Зедер спомена затворање на баварската граница со Тирол. паг/  

Остани поврзан