• сабота, 05 октомври 2024

Ајатолахот Хамнеи ќе одржи јавна проповед во централната џамија во Техеран

Ајатолахот Хамнеи ќе одржи јавна проповед во централната џамија во Техеран

Техеран, 4 октомври 2024 (МИА) – Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ќе ја води петочната молитва и ќе има одржи проповед.

Тоа ќе биде негова јавна проповед по речиси пет година, а ќе се одржи три дена пред годишнината од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Ајатолахот, кој ја има највисоката моќ во Иран, проповедта ќе ја одржи во џамијата Голема Мосала на Имам Хомеини во центарот на Техеран.

Молитвата ќе уследи по комеморацијата за убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала.

Хамнеи последен пат ја водеше петочната молитва во јануари 2020 година, откако Иран истрела проектили врз американската воена база во Ирак како одговор на нападот во кој беше убиен командант на Револуционерната гарда Касем Сулејмани. ми/

фото: МИА архива

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан