• сабота, 23 ноември 2024

АХВ и Ветеринарната комора ја потпишаа првата Методологија за утврдување на цените на ветеринарните услуги од јавен интерес

АХВ и Ветеринарната комора ја потпишаа првата Методологија за утврдување на цените на ветеринарните услуги од јавен интерес

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски и извршниот директор на Ветеринарната комора на Северна Македонија Томислав Николовски денеска, во рамки на 27. Годишно собрание на Комората, ја потпишаа Методологијата за утврдување на цените активностите од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните.

Како што истакна директорот Бабовски, станува збор за прво системско решение за решавање на прашањата кои се однесуват на дефинирање на висината на цените на ветеринарните услуги од јавен интерес, врз основа на договорени принципи, на чие креирање неколку месеци макотрпно работеше стручна комисија.

-Методологијата ја направивме врз основа на договорени принципи на АХВ и Комората во интерес на правично вреднување на трудот на докторите по ветеринарна медицина кои се активно вклучени во реализација на активностите од јавен интерес дефинирани со Годишната наредба за здарвствена заштита на животните која секоја година ја носи АХВ. Станува збор за документ кој ќе овозможи ветеринарната струка да се позиционира на вистинското место во општественото живеење и преку кој ќе се создадат услови во соработка со науката, Во областа на ветеринарството како држава аспирант за членство во Европската унија овој документ претставува основа заедно да го подржиме и да работиме на европскиот принцип Едно здравје, рече Бабовски.

Претседателот на Ветеринарната комора Жарко Михајловски го поздрави донесувањето на Методологијата, нагласувајќи дека за нив приоритет останува лобирањето за намалување на ДДВ за ветеринарните услуги, како и изработката на Стратегијата за справување со актуелниот проблем во справувањето со бездомните кучиња, докумант на чија изработка членките на Комората активно работат во моментов.

-Изработката на Методиологијата беше исклучително долг и макотрпен процес чие финале сега е реалност. Станува збор за еден од основните документи кој на ветеринарната професија треба да и даде нова додадена вредност и да го реши деценискиот проблем со цените на ветеринарните услуги од јавен интерес, врз база на дефинирани економски инпути, рече извршниот директор на Комората Томислав Николовски. мч/са/

фото: АХВ

Остани поврзан