• среда, 27 ноември 2024

Атлетик: УЕФА ќе бара околу 275 милиони фунти за одложување на ЕП 2020

Атлетик: УЕФА ќе бара околу 275 милиони фунти за одложување на ЕП 2020
Лондон, 17 март 2020 (МИА) - УЕФА е подготвена да го премести Еуро 2020 поради пандемијата на коронавирус. Сепак, Европската фудбалска федерација ќе бара обештетување од околу 275 милиони фунти од клубови и лиги за одложување на турнирот за една година, тврди „The Athletic“. Токму во оваа сума УЕФА се наведува како трошоци за одложување на Европското првенство до јуни 2021 година. Ваквиот предлог се очекува да биде објавен денеска на клучниот состанок на сите заинтересирани страни. Како што веќе беше соопштено, денеска, претставници на здруженијата членки на УЕФА, членови на Здружението на европски клубови (ЕЦА) и претставници на Меѓународната федерација на професионални фудбалски асоцијации (ФИФПро) ќе учествуваат на видео конференција на која ќе се одлучува за судбината на Евро 2020. Постои можност првенството да се одложи за декември оваа година. Ќе се разговара и за прашањето за одржување на преостанатите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, како и за влијанието на одложување на Евро 2020 врз Европското првенство за жени, што треба да се одржи во Англија во јули-август 2021 година. Треба да се разговара и за националните првенства кои се во прекин. Повеќето европски лиги и клубови изразуваат надеж дека нивните турнири сепак можат да бидат завршени во мај и јуни, евентуално во јули, со користење на системот за плеј-оф. Сепак, во овој случај, може да се појават потешкотии со договорите на фудбалерите, кои се склучени пред 30 јуни. зс/

Остани поврзан