Атлетик се засили со Беренгер од Торино
- Фудбалерот за врска Алекс Беренгер, кој досега настапуваше за Торино, стана играч на Атлетик Билбао.
![Атлетик се засили со Беренгер од Торино](https://mia.mk/index.php/images/20221104213959_big_730x400_38.webp )
Билбао, 2 октомври 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска Алекс Беренгер, кој досега настапуваше за Торино, стана играч на Атлетик Билбао.
Ова денес го соопшти преку својата веб-страницата клубот од Баскија.
Договорот со 25-годишниот Шпанец е потпишан на четири години. Не е обелоденето колку изнесува висината на трансакцијата.
Беренгер оваа сезона одигра два натпревара. зс/