• сабота, 23 ноември 2024

Атлетик Билбао продолжи неверојатна традиција освојувајќи го Копа дел Реј

Атлетик Билбао продолжи неверојатна традиција освојувајќи го Копа дел Реј

Севиља, 7 април 2024 (МИА) - По 40-годишно чекање, Атлетик Билбао конечно го освои својот 25. Копа дел Реј, победувајќи на пенали против Мајорка на „Ла Картуха“.

На овој начин, Баскијците одржаа многу интересна традиција: неизбежно освојување на трофејот на секои 40 години. Сè започна со второто издание на турнирот, кое беше во 1904 година. Тогаш Атлетик го освои трофејот вторпат по ред, и официјално, откако нивниот противник Еспањол од Мадрид не се појави на натпреварот.

Клубот продолжил да реди успеси на турнирот до 1944 година, кога го освоил 42-то издание на натпреварувањето по успехот од 2:0 во финалето против Валенсија.

По уште 40 години, шампион на турнирот повторно е тимот на Билбао, кој во 1984 година ја победи Барселона со 1:0 во пресметката за трофејот. Тоа беше и последен триумф на „лавовите“ во Купот до вчера, бидејќи оттогаш загубија шест финалиња по ред: во 1985, 2009, 2012, 2015, 2020 и 2021 година.

Сепак, синоќа Атлетик ја победи Мајорка за да ја продолжи традицијата на триумфи во сите финалиња на турнирот, кои се случуваат на секои 40 години од 1904 година. дс

Фото: Фејсбук/Атлетик Билбао

Остани поврзан