• среда, 27 ноември 2024

Атлетик Билбао и се закани на Барселона со жалба поради Нико Вилијамс

Атлетик Билбао и се закани на Барселона со жалба поради Нико Вилијамс

Билбао, 20 август 2024 (МИА) - Атлетик Билбао бил подготвен да поднесе жалба до Ла Лига доколку нивната ѕвезда, Нико Вилијамс завршеше Барселона, според баскиското издание „Ел Корео“.

Претседателот на Атлетик, Јон Уриарте, наводно разговарал директно со шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас за да го предупреди дека доколку Барселона ја плати откупната клаузула на Нико Вилијамс, тој нема да седи со скрстени раце.

Клубот беше убеден дека Барса нема да има можност да ги исполни финансиските барања на шпанската елита во случај на ваков трансфер. Затоа Баскијците имаа намера да поднесат жалба за да спречат евентуално заминување на шпанскиот интернационалец.

Оттаму ја анализирале финансиската состојба на Каталонците и биле подготвени да го искористат правилото според кое може да се блокира операција која е финансиски голема за еден клуб.

Според сите пресметки, се чини дека такво сценарио нема да се оствари, бидејќи во моментов крилниот напаѓач планира да остане на „Сан Мамеш“ барем уште една сезона.

Во Билбао веќе подготвуваат нов договор за 22-годишниот фудбалер со кој ќе му се зголеми и платата и откупната клаузула во висина од 58 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан