• четврток, 22 август 2024

Атлетико се засили со Галагер

Атлетико се засили со Галагер

Мадрид, 21 август 2024 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Конор Галагер се пресели во Атлетико Мадрид, објави официјалниот сајт на мадридскиот тим.

Дваесет и четиригодишниот Англичанец потпиша договор со „Душекчиите“ до 2029 година.

Галагер потекнува од фудбалската школа на Челзи. За лондонските „Сини“ забележа 95 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи десет гола и десет асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на фудбалерот на 50 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан