• сабота, 23 ноември 2024

Атлетико го совлада Лас Палмас, деби гол на синот на Симеоне

Атлетико го совлада Лас Палмас, деби гол на синот на Симеоне

 

Мадрид, 3 ноември 2024 (МИА) – Фудбалерите на Атлетико Мадрид денеска го победија Лас Палмас со 2:0 во 12. коло од шпанската Ла Лига.

Предноста на Атлетико Мадрид ја донесе Џулијано Симеоне со гол во 37. минута, а конечниот резултат го постави Александар Сорлот во 84. минута.

Џулијано Симеоне, синот на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, го прослави својот прв гол за мадридскиот клуб, заедно со капитенот Коке, држејќи маица на која пишуваше „Сила и храброст“.

Пораката беше упатена до локалните жители погодени од големите поплави на југот на Шпанија, особено во регионот на Валенсија, каде загинаа над 200 луѓе.

Атлетико Мадрид е трет на табелата со 23 бодови, додека Лас Палмас е на 18-то место со девет бодови. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан