Атланта го елиминира Интер Мајами на Меси во осминафиналето од плејофот на МЛС
- Атланта во третиот натпревар од осминафиналето на плејофот на МЛС го совлада Интер Мајами на гости со 3:2.

Форт Лодердејл, 10 ноември 2024 (МИА) - Атланта во третиот натпревар од осминафиналето на плејофот на МЛС го совлада Интер Мајами на гости со 3:2.
Кај гостите двоен стрелец беше Џамал Тјаре, уште еден гол постигна Бартош Слиш. Матијас Ројас и Лионел Меси погодија за домаќините.
Атланта ја доби серијата со 2:1 во победи и се пласираше во четвртфиналето од плејофот на МЛС, каде ќе ги одмери силите со Орландо Сити. зс/
Фото: ЕПА