• сабота, 16 ноември 2024

Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници

Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници

Атина, 15 октомври 2023 (МИА) – Актуелните градоначалници на Атина и Солун, и двајцата поддржани од владејачката Нова демократија загубија во вториот круг од локалните избори во Грција, според официјалните податоци од Министерството за внатрешни работа, со пребројани 78 отсто од гласовите, јави дописничката на МИА од Атина.                

Во општина Атина, досегашниот градоначалник Костас Бакојанис освои 44 отсто од гласовите наспроти Харис Дукас, поддржан од СИРИЗА и ПАСОК, кој доби над 11 проценти повеќе, односно 55,99 отсто.

Излезноста во Атина и овој пат беше мала, односно гласаа само 26,5 проценти.

Во  Солун, актуелниот градоначалник од Нова демократија Костас Зервас доби двојно помалку гласови од независниот кандидат Стилианос Ангелудис.

Во цела Грција излезноста беше 38,89 отсто.ср/сд/                               

Остани поврзан