• среда, 17 декември 2025

Атанасовски: Маалото Караџевци се поврзува со село Косевица со нов асфалтен пат

Атанасовски: Маалото Караџевци се поврзува со село Косевица со нов асфалтен пат

Македонска Каменица, 23 јуни 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица започна изградбата на нов локален асфалтен пат во должина од 1500 метри кој ќе го поврзе маалото Караџевци со село Косевица.

Овој инфраструктурен проект како што соопшти денес градоначалникот Димчо Атанасовски претставува уште еден чекор во подобрувањето на условите за живот и зголемување на сообраќајната поврзаност во руралните делови на општина Македонска Каменица.

-Проектот е предвидено да се реализира во рок од шест месеци, по што жителите на овој дел од општината ќе добијат безбедно и трајно патно решение. На овој начин, уште еднаш ја потврдуваме нашата цврста заложба за исполнување на дадените ветувања и посветеноста кон реализација на конкретни и видливи резултати, соопшти Атанасовски.

Во наредниот период, покрај изградбата на локалниот пат до манастирот "Св. Архангел Михаил" кај Аџиско маало во село Саса, Атанасовски најави продолжување со изградба и реконструкција на нови патни правци во повеќе рурални средини.

-Се работи за Ефендиско маало во село Луковица, маало Гребење во село Цера, маало Паровци во село Косевица, како и со изградба на локален пат што ќе ги поврзе селата Косевица и Моштица преку маалото Горанци, и патот што ќе ги поврзе селата Цера и Саса, информира градоначалникот на Македонска Каменица.

Со вакви инфраструктурни проекти, како што напомена чекор по чекор се  јакне основата за поразвиена, поврзана и просперитетна Македонска Каменица. вс/

Фото: МИА

Остани поврзан