• сабота, 20 јули 2024

Артета: Сити ја подигна границата на ниво што не е видено во фудбалот

Артета: Сити ја подигна границата на ниво што не е видено во фудбалот

Лондон, 30 март 2024 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета искажа голем респект кон Манчестер сити во пресрет на утрешниот нивен меѓусебен дуел кој може да биде одлучувачки во борбата за шампионскиот трофеј. 

- Имавме неколку судири во ФА Купот и Суперкупот. Тие ја подигнаа границата на ниво досега невидено во фудбалот. Мораме да бидеме во чекор со нивното темпо, што се обидуваме да го направиме. Тоа е нивото кон кое се стремиме. Во последните две-три години им се доближивме. Треба да ја намалиме разликата и да се обидеме да бидеме подобри од нив. Тие го заслужија правото да бидат пример за сите. Нашето ниво порасна, треба да се обидеме да бидеме како нив и да ги победиме, изјави главниот тренер на „топчиите“ на прес-конференцијата пред натпреварот.

Утре од 17:30 часот Арсенал ќе му гостува на Манчестер сити во натпреварот од 30. коло на Премиер лигата. 

Арсенал е лидер во Премиер лигата со 64 бодови, исто толку има и второпласираниот Ливерпул, трет е Сити со 63. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан