• вторник, 24 декември 2024

Арсовски: Кога се отвора работно место - директор на институција се распишува оглас, за сите важи кодексот на однесување

Арсовски: Кога се отвора работно место - директор на институција се распишува оглас, за сите важи кодексот на однесување
Скопје, 4 ноември 2020 (МИА) - Секаде каде ќе се отвори работно место - директор на одредена институција, се распишува оглас. Така беше досега, така ќе биде и отсега, соопшти денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски. - За сите важи оној кодекс на однесување, а вицепремиерот Николовски детално неколкупати објасни во таа насока, така што се држиме до таа определба дека сите кадри кои ќе извршуваат или извршуваат јавни државни функции ќе се држат до тој кодекс и ние сме одлучни како Влада во таа насока да опстоиме на тоа, посочи Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање зошто немало јавен оглас за ниедно од досегашните кадровски решенија. Прашан околу последните кадровски одлуки на Владата и зошто Мухамед Зекири не е именуван за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување, Арсовски рече дека сите имиња што циркулираат во јавноста ги сметаат на некој начин за шпекулација, бидејќи не биле разгледувани на седница на Влада. - Тоа што како имиња произлегуваат ние ги соопштуваме. Дали писмено, дали преку оваа прес-конференција, така и во случајот за функционерот за кој споменавте во Фондот за здравство. За дополнителни имиња немам информација. Со секоја наредна седница има простор за кадровски прашања. И во таа насока и благовремено и ќе информираме, додаде Арсовски. мс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан