• петок, 08 ноември 2024

Арсовски: Една недела молк од МВР и ЈО за свирепото убиство во Ново Село

Арсовски: Една недела молк од МВР и ЈО за свирепото убиство во Ново Село
Скопје, 14 јуни 2022 Поминува една недела од свирепото убиство во струмичко Ново Село, каде што на најсвиреп можен начин кои што не можат да го замислат граѓаните, беше убиено 27 годишно момче. Сочувство до семејството. Но, никој, ама буквално никој, ниту МВР, ниту Јавното обвинителство не се огласи со детали за овој случај. Цела недела буквално ништо не се знае за ова свирепо убиство, од мотив, осомничени, причина или слично. За ова молчи МВР, молчи Јавното обвинителство, молчат сите институции, а народот, граѓаните сѐ повеќе згрозени, говорат чаршиски што и како се случувало. Но, МВР сѐ уште молчи. Практиката на МВР на СДСМ со игнорирање на свирепи убиства и непридавање на значење на истите е добро позната, имавме сличен ваков случај каде што беше убиен хрватски ракометар и се обидоа да го премолчат истото. Благодарение на граѓаните, не им беше дозволено. Сега повторно, цела недела се молчи и го ставаат ова убиство практично под тепих господата од МВР и од ЈО, а граѓаните веќе шпекулираат дека тоа е така затоа што биле замешани криминални дилерски банди блиски до СДСМ и власта. Додека Струмица стана како Колумбија благодарение на фамилијата на власт, невини луѓе гинат, а МВР гледа и практикува сето тоа да биде премолчено. Еве неколку директни прашања до МВР: Дали се точни тврдењата на граѓаните кои секојдневно пишуваат на социјалните мрежи дека и второ лице било предмет на насилно претепување истата вечер и никој не говори за истото? Односно, дали МВР сакале да сокријат дека и второ лице истата вечер е претепано и се борело за живот? Дали е точно дека во целиот овој случај се замешани блиски луѓе до СДСМ и Заеви, кои што МВР има обврска кон фамилијата на власт да најде начин да бидат заштитени? Трето прашање, кога планираат МВР и ЈО да го расветлат овој случај, каде што згасна млад живот, а цела негова фамилија е завиена во црно? Откако е СДСМ на власт, Македонија стана див запад и класична криминална гето фавела. Сето она кое што сме го гледале на мафијашките и криминални филмови сега за жал го гледаме секојдневно тука во Република Македонија. Она што е многу важно е дека МВР е изворот на сите проблеми и нефункционирањето на МВР каде што практично тие се во спрега со криминалните банди и со власта, се извор на сите вакви проблеми кои што настануваат. Претходно имавме убиство кое што сакаа да го скријат на хрватски ракометар, потоа имавме луѓе кои што се исто така блиски до една агенција за обезбедување на власта кои што рекетирале, тепале, изнудувале, сега имаме веќе една недела молк за убиство на млад човек и практично обид за криење на детали околу убиството. За сето ова треба да се сноси одговорност, треба да сносат одговорност оние кои го сториле овој грозоморен чин, треба да сносат одговорност сите оние кои што се обидуваат да го сокријат. Затоа треба што побрзо да падне оваа власт, бидејќи во овој момент МВР е во спрега со криминалот, практично криминалот е длабоко вкоренет во МВР. Прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски https://www.youtube.com/watch?v=7FdhTDoN09o ——————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан