• недела, 15 декември 2024

Арне Слот доби казна по ремито со Фулам

Арне Слот доби казна по ремито со Фулам

Ливерпул, 14 декември 2024 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Арне Слот ќе добие суспензија од еден натпревар. Ова стана јасно откако Холанѓанецот го доби третиот жолт картон од почетокот на сезоната.

Слот беше официјално казнет во ремито 2-2 против Фулам на „Енфилд“. „Црвените“ го одиграа речиси целиот натпревар со десет играчи по црвениот картон на Енди Робертсон. Сепак, домаќините стигнаа до бод и дури се доближија до целосен успех на натпреварот.

Жолтиот картон на Слот значи дека тој нема да го води натпреварот на Ливерпул во Лига Купот против Саутемптон во среда. дс

Фото: Архива

Остани поврзан