• понеделник, 19 август 2024

Аргентинката Јулија Риера противничка на Ѓорческа во првото квалификациско коло на УС Опен

Аргентинката Јулија Риера противничка на Ѓорческа во првото квалификациско коло на УС Опен

Њујорк, 19 август 2024 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на УС Опен ќе игра против тенисерката од Аргентина Јулија Риера. 

Ривалката има 22 години и се наоѓа на 122 место на ВТА листата и е треторангирана тенисерка во Аргентина.

Таа минатата година имаше настап во квалификациите на овој грен слем турнир (второ коло квалификации), а сега е рангирана како 19-та носителка во квалификациите.

Мечевите од првото коло од квалификациите во двете конкуренции на УС Опен ќе се играат денес и утре. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан