• понеделник, 23 декември 2024

Арагчи: Иран нема да остане рамнодушен во случај на војна

Арагчи: Иран нема да остане рамнодушен во случај на војна

Техеран, 27 септември 2024 (МИА) - Иран нема да остане рамнодушен доколку дојде до тотална војна во Либан, изјави шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи,, пренсе ДПА.

Арагчи изјавата ја даде за време на состанок на министрите за надворешни работи во Њујорк, соопшти денеска иранското МНР.

Тој, исто така, повика на Израел да му се воведат санкции за оружје и трговија.

Во говорот Арагчи ја обвини меѓународната заедница за неспособност и неуспех во врска со потенцијалниот прекин на огнот.

Иранскиот режим се смета за најважниот поддржувач на шиитската милиција Хезболах во Либан. Набљудувачите сметаат дека е малку веројатно Техеран да им помогне во случај на војна.

Новата иранска Влада, предводена од претседателот Масуд Пезешкијан, се бори со тешка економска криза и се стреми кон зближување со Западот, додава германската агенција.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан