• вторник, 24 декември 2024

Анчелоти по ремито со Лас Палмас: Не смееме да бараме изговори

Анчелоти по ремито со Лас Палмас: Не смееме да бараме изговори

Мадрид, 30 август 2024 (МИА) - Тренерот на Реал, Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим не смее да бара изговори по ремито со Лас Палмас и додаде дека мадридскиот клуб ќе мора да ја подобри својата игра во преостанатиот дел од сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.

Фудбалерите на Лас Палмас и Реал Мадрид синоќа одиграа без победник 1:1 во натпреварот од третото коло на шпанската Ла Лига.

Реал моментално е петти во шпанската лига со пет бода.

-Не смееме да бараме изговори. Распоредот е густ и се свртуваме кон следниот натпревар, кој е веќе во недела. Треба да имаме појасна стратегија. Ова не чини повеќе отколку што мислиме. Мораме да работиме и да се концентрираме на она што го сакам, рече Анчелоти. дс

Фото: Архива

Остани поврзан