Антонио Кошта во посета на Молдавија
- Со оглед на предизвикувачкиот политички контекст и безбедносните предизвици во регионот, оваа посета ја нагласува посветеноста на ЕУ на суверенитетот и европската иднина на Молдавија, соопшти Европскиот совет по повод посетата на Кошта на Кишињев.

Брисел, 3 март 2025 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска ќе престојува во Кишињев за да ја изрази целосната поддршка на ЕУ за Владата на Молдавија и за европската интеграција на земјата.
- Со оглед на предизвикувачкиот политички контекст и безбедносните предизвици во регионот, оваа посета ја нагласува посветеноста на ЕУ на суверенитетот и европската иднина на Молдавија, соопшти Европскиот совет по повод посетата на Кошта на Кишињев.
Според најавата, предвидено е Кошта да се сретне со молдавската претседателка Маја Санду со која ќе разговара за напредокот на Молдавија во спроведувањето на реформите неопходни за пристапување кон ЕУ и за следните чекори во процесот на проширување.
Кошта вчера во Лондон учествуваше на состанокот на 15-тина европски лидери во Лондон посветен на Украина и зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Европа. сп/
Фото: МИА Архива