• вторник, 24 декември 2024

Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ го повикува град Скопје да обезбеди средства во најбрз можен рок граѓаните да добијат превоз

Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ го повикува град Скопје да обезбеди средства во најбрз можен рок граѓаните да добијат превоз
Скопје, 19 октомври 2022 Има причина зошто СДСМ и ДУИ не гласаа за потребата од итноста за оваа вонредна седница во време кога граѓаните на град Скопје не можеа да се превезуваат до своите работни места или до местата каде што имаат потреба со јавен автобуски превоз, изјави Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на град Скопје на денешната седница. Тој истакна дека има причини зошто се бунтуваат на протести, затоа што овој проблем на немање на јавен автобуски превоз е проблем на коалицијата ДУИ-СДСМ-Данела Арсовска. - Ќе објаснам зошто. Директорот на ЈСП кој вчера најави дека автобусите нема да сообраќаат, а неговиот колега најави дека ќе протестираат е член на СДСМ во една од општинските организации, поставен од градоначалничката без консултација со советот, ни со надзорен ни со управен одбор. Протестот е пред владата на СДСМ, а с сметаат треба да има протести оти МОН не префрлило 2 милиони денари на Град Скопје, а министер е кадар на ДУИ, Јетон Шакири, рече Андоновски. Тој посочи дека во исто време кадри на ДУИ се раководства на јавни претпријатие во Град Скопје поставени од третата алка во оваа коалиција ДУИ-СДСМ-Данела Арсовска. - На крај велат дека ВМРО-ДПМНЕ било виновно. Не. ВМРО-ДПМНЕ во го пресекува овој Гордиев јазол и повикуваме градот Скопје да ги обезбеди финансиите за ЈСП во најбрз можен рок, да ја искористи можноста со ребалансот. Градоначалничката рече дека повеќе години се натрупувале долгови во ЈСП. Точно е над 5 години СДСМ го владее ова претпријатие. Имате раководство сега на СДСМ, претходно време на Шилегов и ДУИ кое е во коалиција, ама неќе да исплати пари од МОН и тука ја имате Данела Арсовска која не знае со кого си фатила работа, нагласи Андоновски. Андоновски порача да се обезбеди превоз за граѓаните потоа во коалицијата договарајте се кој е виновен. Дали ДУИ, дали СДСМ граѓаните од утре да бидат безбедни дека ќе имаат превоз. Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на град Скопје Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан