Ангеловски нов директор на Еурофарм Пелистер
- Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер за нов спортски директор го именува Бранислав Ангеловски.

Битола, 4 јули 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер за нов спортски директор го именува Бранислав Ангеловски.
- Нашиот поранешен ракометар и легенда на македонскиот ракомет почнува ново поглавје, откако оваа функција ја извршуваше и во романска Констанца. 46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација, соопшти битолскиот ракометен суперлигаш.
Во својата играчка кариера Ангеловски настапуваше и за Пролет, Вардар и Металург во македонската Суперлига, а во странство настапуваше за Загреб (Хрватска), Винтерур (Швајцарија), Тулуз (Франција), Ал-Аин (ОАЕ) и Констанца (Романија). зс/