Ангеловска: СДСМ бара одговорност за злоупотреба на деца во Куманово од ЗНАМ и Димитриевски
- СДСМ јавно бара одговорност за сериозниот скандал во Основно училиште во Куманово со злоупотреба на деца за политички цели од страна на ЗНАМ и Максим Димитриевски, наведува Розалија Ангеловска, Комисија за образование на СДСМ, во изјава за медимите, што МИА ја пренесува интегрално.
7 април 2026
СДСМ јавно бара одговорност за сериозниот скандал во Основно училиште во Куманово со злоупотреба на деца за политички цели од страна на ЗНАМ и Максим Димитриевски, наведува Розалија Ангеловска, Комисија за образование на СДСМ, во изјава за медимите, што МИА ја пренесува интегрално.
Скандалот се случи во основното училиште „Кочо Рацин“, под надлежност на Општината, каде што работи сопругата на Димитриевски, како и претседателката на Советот, Ивана Георгиевска од ЗНАМ.
Наместо вистинска хуманост каква што била најавена, јавноста виде нешто сосема спротивно – дечиња злоупотребени и ставени во функција на политичка пропаганда, принудени да пеат песна од изборната кампања на Димитриевски.
Станува збор за класична злоупотреба на деца за политички цели, спротивно на законите и претставува грубо кршење на правата на децата.
Обидите да се оправда скандалот од страна на ЗНАМ се срамни, видеото од настанот се кажува. Со оглед на „квалитетот“ на песната, во ЗНАМ може да мислат дека треба да се воведе како задолжителна во основните училишта, во рамки на часовите по музичко образование. Но здружението ЗНАМ не е културно-уметничко, а Максим не е познат изведувач на Виенската филхармонија.
Очигледно е дека за Димитриевски и ЗНАМ нема граници – од сомнителни тендери, преку политичка пропаганда, па сè до злоупотреба на најмладите.
СДСМ бара итна и неодложна реакција од сите надлежни институции:
Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука да покрене постапка за утврдување одговорност од директорката, наставниците, организаторите, градоначаланикот Димитриевски.
Комисијата за заштита на правата на детето да реагира и да ги заштити правата на учениците
Бараме целосно расчистување на случајот и соодветни санкции за сите инволвирани, без исклучок.
Децата не смеат да бидат инструмент за политичка кампања.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=kMx4S4ksqhs
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста