• среда, 29 јануари 2025

Ангеловска-Бежоска ‒ Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст

Ангеловска-Бежоска ‒ Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст

27 јануари 2025

Добрите политики на Народната банка имаат суштинско значење за стабилизирањето на инфлацијата и за одржувањето и зајакнувањето на финансиската стабилност, вклучително и денаризацијата, беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Француската Република во земјава, Кристоф ле Риголер. 

Во изминатите години финансиската стабилност беше зајакната, што се согледува преку јакнењето на капиталот на банките коешто овозможи забрзување на кредитната активност. Имено, минатата година кредитната активност забрза искачувајќи се на околу 11%, од 5% во 2023 година, со што обезбеди значителна поддршка за стопанството и за граѓаните. Овој солиден кредитен раст беше поддржан и од солидниот раст на депозитите којшто достигна околу 12%. Притоа беше истакнато дека растот на денарските депозити е многу побрз од растот на девизните депозити, односно тие се зголемија за 22%, наспроти 5 % кај девизните депозити. Ова укажува на високо ниво на доверба во банкарскиот систем и политиките коишто ги води Народната банка.  

На средбата стана збор и за сегашните макроекономски состојби и предизвици, при што беше забележано дека инфлацијата од високи 20% е сведена на 3,5%, сепак е потребно внимателно водење на макроекономските политики за нејзино одржливо стабилизирање на среден рок.

Гувернерката и амбасадорот искажаа заемно задоволство од спроведувањето на проектните активности на Народната банка со поддршка од ЕУ за усогласување со највисоките европски стандарди и регулативи и изразија цврсти заложби за продолжување и продлабочување на соработката во иднина.

Народна банка на Република Северна Македонија

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан