• вторник, 24 декември 2024

Ампева ја поздрави одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 12 од Законот за „Бехтел и Енка“

Ампева ја поздрави одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 12 од Законот за „Бехтел и Енка“

Штип, 13 јули 2022 (МИА) - Претседателката на „Гласен Текстилец“-Штип, Кристина Ампева ја поздравува одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 12 од Законот на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ со кој се предвидуваше 60 часа во просек неделно работа за градежните работници кои ќе ги градат коридорите 8 и 10.

Подносители на иницијативата се Здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“ – Штип, претставувано од Кристина Ампева, ССМ, претставуван од претседателот Дарко Димовски и СГИПРМ (Синдикат за градежништво, индустрија и програмирање на Република Македонија), претставуван од претседателот Иван Пешевски. Според Ампева, пресудата е во полза на работниците и во корист на нивните права. - Како Здружение коешто го иницираше ова законско решение пред Уставниот суд, јас сум задоволна и мислам дека вака треба да работи Уставен суд и се надевам дека оваа позитивна пракса ќе продолжи и во иднина, секако во корист на човековите и работничките права. Што значи и зошто ја започнавме? Поради тоа што во членот 12 стоеше дека работниците треба да работат 60 часа во просек, а ако зборуваме во просек може да биде и 120 и 150 часа. Ние не може да го дозволиме тоа на разни временски услови, тоа се коси со Уставот, со Законот за работни односи, како и со сите конвенции“, вели претседателката Ампева. Таа порача институциите да не одат надвор од своите ингеренции и да ги почитуваат Уставот и Законот за работни односи од каде се црпи целата правна легислатива за работничките права. вдј/ки/

Остани поврзан