• недела, 22 јуни 2025

Аморим ги посочи тренерите кои имале најголемо влијание врз него

Аморим ги посочи тренерите кои имале најголемо влијание врз него

Билбао, 21 мај 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, на прес-конференцијата пред финалето на Лигата на Европа вечерва одговораше на прашања кои не беа директно поврзани со вечерашниот натпревар.

Едно од нив беше за тренерите кои имале најголемо влијание врз него.

-Има многу од нив. Бев под влијание на многу експерти. Постојано гледав фудбал и на тој начин научив многу. На пример, Хорхе Жесус има големо влијание. Секако тука е големиот Јохан Кројф. Играњето со три централни дефанзивци доаѓа од филозофијата на Кројф. Но, исто така, гледав многу италијански фудбал. Нивниот систем во одбраната, со прва и втора линија на одбрана. Тоа е комбинација од различни стилови на фудбал. Отсекогаш сум сакал да мешам и комбинирам, изјави Португалецот.

Секако, Рубен Аморим не заборави да го спомене својот познат сонародник, кај кого стажирал, токму кога Жозе Мурињо беше менаџер на Манчестер Јунајтед.

-Секако, Мурињо влијаеше на мене. Тоа е она што го донесе во фудбалот - човечки врски. Тој секогаш им помагаше на оние на кои им беше потребна помош. Мислам дека секој тренер може многу да научи од Мурињо, тврди Аморим.

Рубен Аморим како фудбалер играше за Белененсес, Бенфика, Брага и Ал Вакрах. Тој го остави својот најголем белег во дресот на Бенфика, со која три пати беше национален шампион. Тој играше и за португалската репрезентација. 

Тренерската кариера ја започна во Каса Пија, продолжи во Брага и Спортинг Лисабон, од каде што пристигна во Манчестер Јунајтед во ноември минатата година.

Неговиот сегашен клуб и Тотенхем ќе се натпреваруваат за трофејот во Лигата на Европа. Финалето ќе се игра во Билбао со почеток во 21 часот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан