• вторник, 28 јануари 2025

Американско катче Тетово одбележа 14 години од основањето

Американско катче Тетово одбележа 14 години од основањето
Тетово, 18 јануари 2022 (МИА) - Американското катче Тетово денеска одбележа 14 години од постоењето. На свечената церемонија се обратија американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, градоначалникот Биљал Касами, директорот на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ Арлинд Хусеини и координаторот на Американско катче, Гзим Сулејмани. -Во првата година Американското катче имаше 1.500 членови а сега има над 7.000. Ова е едно уникатно место за пријателство и соработка. Нуди многу информации за студирање и други активности во Соединитите Американски Држави.  Ова е место за разни активности, во текот на годините илјадници луѓе учествувавле во нив преку НАТО и ЕУ клуб, Кафе со дипломат, Новинарство и ПР клуб и друго, истакна амбасадорката Кејт Мари Брнз. Американското катче Тетово е партнерство помеѓу НВО „Аурора“, Домот на културата, Општина Тетово и Амбасадата на САД во Скопје. -Четиринаесет години го правиме Американско катче Тетово место за пријателство каде се одбележуваат американските и овдешните празници. Благодарни сме за поддршка од партнерите амбсадата, општината, НВО Аурора, Центар за култура. Денес сакам да им заблагодарам на членовите на Мировниот корпус кои секојден го приближуваат американскиот дух до нас. За време на нивните две години тука и ние уживаме во американскиот сон тука, изјави Гзим Сулејмани, координатор на Американско Катче Тетово. Освен поздравни говори, присутените го разгледаа Американско катче и изложба со фотографии поставена во Центарот за култура во Тетово. Програмата Американско катче ширум светот е поддржана од Стејт департментот на САД. ас/аа/

Остани поврзан