• петок, 31 јануари 2025

Американски дипломати предупредија да не се користат кинески тестови за коронавирус во САД

Американски дипломати предупредија да не се користат кинески тестови за коронавирус во САД
Вашингтон, 15 октомври 2020 (МИА) - Американски дипломати и безбедносни служби ги предупредија властите во Невада да не користат кинески тестови за новиот коронавирус, што пристигнале во САД како донација од Обединетите Арапски Емирати. Според документите до кои агенцијата АП имала пристап, предупредувањето е испратено поради загриженост за приватноста на пациентите, точноста на тестот и вклученоста на кинеската Влада во проектот. Информациите до кои дојде АП го илустрираат обидот на американската Влада да спречи федералната држава да има каква било врска со проектот во кој е вклучена кинеската групација БГИ, водечка компанија за „генетско секвенционирање“. Предупредувањата од официјалните претставници на државната безбедност и Стејт департментот го натераа гувернерот на Невада, Стив Сисолак, да нареди болница во таа американска држава да не користи ниту еден од донираните 250.000 комплети за тестирање Администрацијата на Трамп активно лобираше кај своите сојузници да не ја користат телекомуникациската опрема на кинеската компанија„ Хуавеј“, повикувајќи се на безбедносни ризици. паг/

Остани поврзан