Американски воен авион се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима
- Американски воен авион „Оспри“ (Osprey) се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Токио, 29 ноември 2023 (МИА) - Американски воен авион „Оспри“ (Osprey) се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.
Во авионот имало осум лица и засега нема информации за нивната состојба.
Несреќата се случила околу 14:47 часот по локално време. Локалните жители пријавиле дека пламен се гледал на левиот мотор на авионот пред да падне во океанот.
Јакушима е еден од островите на архипелагот Охсуми во јапонската префектура Кагошима. мс/
фото: МИА архива