• петок, 08 ноември 2024

Американските бомбардери Б-52 повторно над Корејски Полуостров

Американските бомбардери Б-52 повторно над Корејски Полуостров

Сеул, 5 април 2023 (МИА) – Во заедничката воена вежба на Јужна Кореја и САД учествуваат и американските авиони бомбардери Б-52, кои носат нуклеарно оружје.

Бомбардерите Б-52 учествуваат во заеднички воздушни вежби со американските и јужнокорејските борбени авиони над Корејскиот Полуостров, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Во соопштението се посочува дека тоа е прво распоредување на американски бомбардери Б-52 на Корејскиот Полуостров во рок од еден месец и дека вежбите „ја демонстрираат силната решителност на Сеул и Вашингтон и нивната совршена подготвеност брзо и огромно да одговорат на секоја провокација од Северна Кореја“.

Армиите на Јужна Кореја и САД ги проширија своите заеднички воени вежби како одговор на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.

Пјонгјанг воената вежба ја оцени како провокација и намерата на ривалот да ја нападне Северна Кореја.

Американските бомбардери Б-52 го надлетаа Корејскиот Полуостров на 5 март, а следниот ден сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, предупреди дека Северна Кореја е подготвена да преземе „брза и обемна акција“ против САД. и Јужна Кореја. ми/

Остани поврзан