• недела, 09 март 2025

Американскиот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф оди во Катар на разговори за прекин на огнот во Газа

Американскиот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф оди во Катар на разговори за прекин на огнот во Газа

Вашингтон, 9 март 2025 (МИА) – Специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток Стив Виткоф се очекува да отпатува во Катар на разговори за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, јавија американските медиуми.

Се очекува Виткоф во наредните денови да ја посети Доха како дел од напорите за продолжување на прекинот на огнот во Газа и постигнување договор за ослободување на заложниците, пренесува Тајмс оф Израел повикувајќи се на порталот Аксиос кој цитира американски претставници запознаени со ова прашање.

Администрацијата на Доналд Трамп, според порталот, се надева дека ќе успее да ја продолжи првата фаза од прекинот на огнот до крајот на муслиманскиот Рамазан и еврејскиот празник Пасха. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан