Американскиот министер за одбрана го повика францускиот колега да ги зголеми воените трошоци
- Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска во Вашингтон го повика својот француски колега Себастиен Лекорни да ги „зголеми воените трошоци“ и да ја преземе, заедно со другите земји од НАТО, „примарната одговорност за конвенционалната одбрана на Европа“, соопшти Пентагон.

Вашингтон, 17 април 2025 (МИА) – Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска во Вашингтон го повика својот француски колега Себастиен Лекорни да ги „зголеми воените трошоци“ и да ја преземе, заедно со другите земји од НАТО, „примарната одговорност за конвенционалната одбрана на Европа“, соопшти Пентагон.
Хегсет и Лекорни разговараа и за напорите за постигнување траен мир во Украина, се вели во соопштението на американското Министерство за одбрана.
Хегсет, за време на неговото прво официјално патување во Европа во февруари, ја пренесе истата порака до сојузниците на САД на стариот континент.
- Време е да се инвестира, бидејќи не може да се претпостави дека американското присуство ќе трае вечно, рече тогаш Хегсет за време на посетата на Полска.
Посетата на Лекорни на Вашингтон се совпаѓа со разговорите во Париз за Украина на шефот на американската дипломатија Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф.
Американскиот претседател Доналд Трамп бара од сите земји-членки на НАТО да издвојат најмалку пет отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбраната, што е многу амбициозна цел за многу од нив.
САД издвојуваат 3,4 отсто од својот БДП за НАТО, додека повеќето европски земји издвојуваат околу два отсто. јт/
Фото: Лекорни на Х