• среда, 27 ноември 2024

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ на средба со штипскиот градоначалник Јорданов

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ на средба со штипскиот градоначалник Јорданов

Штип, 31 мај 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска имал средба со Амбасадор на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип.

Во соопштението се наведува дека главни теми на разговорот биле предизвиците со кои се соочуваат општините.

-Предизвиците и проблемите со кои се соочуваме во функционирањето како локална самоуправа,борбата со корупцијата како една од главните забелешки во европските извештаи и функционирањето на институциите на системот беа главните теми на кои разговаравме на денешната средба. Република Македонија со компетентни луѓе кои ќе ги раководат институциите има капацитет за голем напредок во иднина, се вели во соопштението на кабинетот на градоначалникот на Општина Штип.

Градоначалникот Јорданов и амбасадорот на Мисијата ОБСЕ, Вал изразиле уверување дека во иднина ќе ја интензивираат досегашната соработка согласно нивните надлежности, со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. вдј/цр

Фото: Општина Штип 

Остани поврзан