Амбасадорката Агелер на примопредавање мобилно оперативно возило за Црвениот крст на РСМ
- Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер денеска во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија ќе изврши примопредавање на мобилно оперативно возило.

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер денеска во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија ќе изврши примопредавање на мобилно оперативно возило.
Како што соопштија од Црвениот крст на РСМ, освен амбасадорката Агелер и генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити на настанот се очекува да присуствуваат и други гости, кои ќе имаат можност да ја забележат важноста на оваа донација и да добијат повеќе информации за новата опрема и нејзината употреба во хуманитарните мисији.
- Новото мобилно оперативно возило во нашата служба, ќе се користи за поддршка на теренските активности и ќе овозможи подобрена реакција на потребите на нашите граѓани и заедницата. Се очекува ова возило да игра важна улога во зајакнувањето на капацитетите на Црвениот крст, особено во кризни ситуации и за време на природни катастрофи, се вели во соопштението од Црвениот крст на РСМ. цр/мд/
Фото: МИА архива