Ал Хилал со поддршка до Нејмар: Врати се посилен
- Ал Хилал објави порака со поддршка до Нејмар по повредата што ја заработи бразилскиот фудбалер на натпревар националниот тим против Уругвај.

Ријад, 19 октомври 2023 (МИА) - Ал Хилал објави порака со поддршка до Нејмар по повредата што ја заработи бразилскиот фудбалер на натпревар националниот тим против Уругвај.
На Нејмар констатирани му се скинати вкрстени лигаменти и оштетен менискус на левото колено.
- Лекарскиот преглед покажа дека Нејмар се здобил со скинати вкрстени лигаменти и ’рскавица. Подоцна ќе биде опериран, по што ќе биде одредена програма за лекување и период на закрепнување. Врати се посилен, се вели во соопштението.
Триесет и едногодишниот Бразилец беше заменет со Ричарлисон на крајот од првото полувреме од квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Уругвај (0:2) одигран вчера. Тој на носилка беше изнесен од теренот. зс/
Фото: Фејсбук „AlHilal“