• среда, 25 декември 2024

Алонсо ја кажа причината за несреќата во спринтот на белгиското Гран при

Алонсо ја кажа причината за несреќата во спринтот на белгиското Гран при

Ставело, 30 јули 2023 (МИА) - Пилотот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо го коментираше излетувањето во спринтот на Големата награда на Белгија.

 

Тој на еден свиок неколку пати се вртеше со болидот и излета од патеката Спа по само три круга.

 

- Бев блиску до Нико [Хулкенберг] на влезот во „Пуон“ (името на свиокот). Ја изгубив влечната сила и изгубив контрола над болидот. Беше многу лизгаво и тоа беше моја вина. Иако сепак немаше да влеземе во бодовната зона. Со оглед на тоа што имаше само 11 круга, тешко беше да се бараат бодови. Подобро нека се случуваат такви работи во спринт подобро отколку во неделна трка, изјави Алонсо за клупскиот сајт на Астон Мартин.

 

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот на Големата награда на Белгија. Втор на трката беше Оскар Пјастри од Мекларен, на третото место се пласира Пјер Гасли од Алпин.

 

Главната трка за Големата награда на Белгија ќе се вози денес со почеток во 15 часот. Алонсо ќе стартува од 9-тата позиција. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан