Алиу: Уште не сме разговарале дали ќе бидам министер за здравство
- Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и член на Алијансата за Албанците која останува во владината коалиција, Азир Алиу на денешната прес-конференција истакна дека се уште не разговаларе во партијата дали тој ќе биде новиот министер за здравство на испразнетото место во оваа Министерство по оставката и излегувањето на досегашниот министер за здравство Арбен Таравари.
Скопје, 25 мај 2025 (МИА) - Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и член на Алијансата за Албанците која останува во коалицијата „Влен“, Азир Алиу денеска изјави дека се уште не е разговарано во партијата дали тој ќе биде новиот министер за здравство откако ова место остана празно по оставката на досегашниот министер за здравство Арбен Таравари.
- Се уште не сме разговарале на таа тема. Веројатно деновиве, бидејќи во овој период бевме многу активни. Секогаш крајниот збор го има граѓанинот и ние бевме на терен за да ги консултираме за хаосот што се случува во нашата партија, рече Алиу.
Дел од медиумите изминатите денови го споменуваат неговото име како можен кандидат за министер за здравство откако Арбен Таравари ја напушти владината коалиција по одлуката на Претседателството на Алијанса за Албанците да оди во опозиција и со сопствени листи за советници на претстојните локални избори. фф/бак/
Фото: МИА