• среда, 25 декември 2024

Алити ја презеде функцијата министер за информатичко општество и администрација

Алити ја презеде функцијата министер за информатичко општество и администрација
Скопје, 17 јануари 2022 (МИА) -  Адмирим Алити ја презеде функцијата министер за информатичко општество и администрација  од досегашниот министер Јетон Шаќири. Примопредавањето беше извршено денеска во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација. Досегашниот министер за информатичко општество Шаќири од ДУИ ја продолжува работата во Владата како министер за образование и наука. Алити доаѓа на министерската позиција во МИОА како кадар на Алтернатива. Во неговата биографија се наведува дека е ИТ консултант, докторант на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде и дипломирал. Магистрирал информациски системи на Универзитетот Лине во Шведска. Тој е асистент и предава различни предмети на Катедрата за информатика на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Бил генерален директор на Национална радиодифузија – Скопје. Покрај албански јазик, зборува македонски, англиски и германски јазик.лв/вј/

Остани поврзан