Алварез ја реши Осасуна и го испрати Атлетико на врвот во Ла Лига
- Атлетико Мадрид во „Симеоне стил“ ја совлада Осасуна со 1-0 (0-0) во 19. коло и повторно се искачи на врвот на табелата во Ла Лига.

Мадрид, 12 јануари 2025 (МИА) - Атлетико Мадрид во „Симеоне стил“ ја совлада Осасуна со 1-0 (0-0) во 19. коло и повторно се искачи на врвот на табелата во Ла Лига.
Не беше блескава партија за „јорганџиите“, но Хулијан Алварез го реши мечот и го донесе она што беше најважно - првото место со бод предност пред Реал Мадрид и шест пред Барселона.
Покрај тоа, Атлетико го собори клупскиот рекорд со нанижување на 14 последователни победи во сите натпреварувања. дс
Фото: Принтскрин