• недела, 22 декември 2024

Албански државјани уапсени во Италија и во Лондон поради шверц на дрога

Албански државјани уапсени во Италија и во Лондон поради шверц на дрога
Тирана 9 мај 2021 (МИА) - Италијанската полиција уапсила албански државјанин откако бил откриен со 400 килограми марихуана, чија вредност на нарко пазарот достигнува вредност од четири милиони евра, објавија албанските медиуми.
Повикувајќи се на италијанската полиција додаваат дека полицијата Албанецот го  уапсила на брод натоварен со дрога, неколку милји од брегот на Бриндизи.
Дрогата била транспортирана од Албанија.
Според медиумите полицијата во Лондон уапсила двајца албански државјани  на 21 и 23- годишна возраст во чиј стан пронашла и  запленила над 100 пакувања со кокаин, вага и други апарати, 60 илјади фунти, огнено оружје и муниција.
Пред два дена, во западниот дел на Лондон уапсени се двајца албански државјани на 41 и 29-годишна возрат. Во акцијата полицијата заплениле 80 килограми кокаин и 400 илјади фунти. вт/

Остани поврзан