• среда, 25 декември 2024

Албанскиот претседател Бегај го врати Законот за државјанство во Собранието на повторно разгледување

Албанскиот претседател Бегај го врати Законот за државјанство во Собранието на повторно разгледување

Тирана, 24 октомври 2023 (МИА) – Албанскиот претседател Бајрам Бегај, го врати на повторно разгледување дополнетиот Закон за државјанство, што законодавниот дом го усвои на 21 минатиот месец.

Во образложенето стои дека не го потпишал законот бидејќи усвоените амандмани не добиле 84 гласа како што предвидува Уставот.

-Во анализата на уставноста, констатирано е дека дополнувањата и законските измени треба да се изгласаат со квалификувано мнозинство од 3/5 од сите, 140 пратеници во Собранието, односно минимум 84 гласа, што во овој случај не е испочитувано. Од записникот од пленарната седница од 21.9.2023 година и податоците за електронското гласање, констатирано е дека вториот амандман е одобрен со 78 гласа, третиот со 77 гласа, четвртиот со 78 гласа и петтиот амандман со 79 гласа, стои во образложението.

Содржински, пак, претседателот позитивно го оценува законот, нагласувајќи дека новите одредби не се во спротивност со суштински одредби од Уставот.

Инаку, со измените и дополнувањата во законот меѓу другото Албанците од Република Северна Македонија и од Косово нема да полагаат испит за познавање на албанскиот јазик и историја.

-Од странците повеќе нема да се бара да го знаат албанскиот јазик за да добијат албанско државјанство доколку добиле дете за време на нивниот редовен престој во земјата. Во член 1 од предлог-законот, албанско државјанство можат веднаш да добијат деца на странци родени во ова земја, доколку за тоа согласност дадат двајцата родители, иако поседуваат други државјанства, кои легално престојувале на албанска територија. Со досегашниот закон право на државјанство добиваа со наполнети 18 години, се дел од измените.

Државјанство ќе се добива и во случаи кога Република Албанија има национален интерес или интерес во областа на образованието, науката, уметноста, културата, економијата и спортот. вт/ссм/

фото: архива

Остани поврзан