• петок, 20 декември 2024

Албанската полиција нуди награда од 100 илјади евра за информација за нападот врз Топ чанел

Албанската полиција нуди награда од 100 илјади евра за информација за нападот врз Топ чанел

Тирана, 28 март 2023 (МИА) - Албанската полиција ги повика граѓаните да достават  информации поврзани со пукањето врз телевизијата Топ чанел во Тирана, при што  беше убиен 60-годишниот чувар, Пал Кола.

- Полицијата нуди награда од 100.000 евра за секоја вредна информација која би довела до откривање на сторителите, јави Топ чанел.

Управата на полицијата во Тирана објави детали од истрагата за случајот.

Според официјалните информации од албанската полиција, констатирани се оштетувања на фасадата на зградата во која е сместена телевизијата Топ чанел, како и на два автомобила паркирани во дворот на објектот.

Возилото на сторителите беше снимено од безбедносните камери во околината, а е пронајдено запалено во близина на Голем, во кое биле и три автоматски пушки. вт/ми/

Остани поврзан