• понеделник, 23 декември 2024

Албанската полиција извршува претрес во кампот на муџахедините кај Драч

Албанската полиција извршува претрес во кампот на муџахедините кај Драч

Тирана, 20 јуни 2023 (МИА) - Албанската државна полиција денеска соопшти дека започнала оперативна контрола во кампот на муџахедините „Ашраф“ во Манез, кај Драч, каде се сместени над три илјади лица.

Според соопштението на Државната полиција, контролата доаѓа во рамките на одлуката на Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал.

-Во спроведување на одлуката на Специјалниот суд против корупција и организиран криминал и налогот за извршување на Обвинителството при овој суд, за контрола на сите простории и канцеларии во кои живеат лицата од хуманитарни цели, државната полиција во рамки на оперативен план, започна контрола на сите простории и канцеларии во кампот на МЕК, во Манез, Драч, соопшти полицијата.

Додава дека во спроведување на контролните наредби издадени од Судот, Државната полиција презела мерки за нивно спроведување, со контролен план на просториите на територијата на кампот МЕК „строго применувајќи ја етиката и комуникацијата и почитувајќи ги основните права и слободи на сите граѓаните и заедницата што живее во овој камп“.

Детални информации околу акцијата полицијата најавува по завршува на истата.

Во меѓувреме медиумите, јавуваат дека дошло до судири меѓу полицајците и луѓето таму, кои се противеле и не дозволувале полицијата да врши контрола.

Пренесувајќи изјави на припадници на муџахедините, тие тврдат дека полицијата употребила солзавец и оти едно лице е убиено, но полициски извори демантираат дека има жртви при контролата во кампот. вт/сд/

Остани поврзан