• среда, 27 ноември 2024

Албанската опозиција го поздрави договорот за формирање косовска влада

Албанската опозиција го поздрави договорот за формирање косовска влада
Тирана, 2 февруари 2020 (МИА) – Постигнатиот договор за формирање влада меѓу Движењето „Самоопределување“ и Демократскиот сојуз на Косово го поздрави и албанската опозиција, оценувајќи дека тоа е чин на политичка искреност и зрелост на јасна визија на лидерите Албин Курти и Иса Мустафа. Според лидерот на најголемата опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, договорот исто така е исполнување на волјата на граѓаните на Косово. - Тоа е чин на политичка искреност и зрелост на јасна визија на лидерите на ВВ и ЛДК. Овој договор е конкретен одговор на волјата за промени на граѓаните на Косово. Демократската партија како и во целиот нејзин исторски период ќе му даде целосна поддршка на Косово и неговото раководство, денеска во опозција утре на власт, во предизвиците кои ги имаме пред нас и кои бараат искрена ангажираност на братската соработка, напиша Баша на Фејсбук. И лидерката на третата по големина партија во Албанија, Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Криемади им се придружи на реакциите по договорот за влада меѓу Самоопределување и Демократскот сојуз на Косово, посакувајќи унапредување на соработката меѓу двете земји. - Искажувам задоволство и го поздравувам договорот за формирање нова косовска влада меѓу Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово. Им посакувам да создадат одржлива и ефикасна влада во пресрет на големите предизвици во служба на граѓаните на Косово, во нови признанија и натамошна интеграција во регионални и меѓународни организации. Посакувам нашите две земји дополнително да ја зајакнат соработката и интеграцијата во корист на сите граѓани, како и за зајакнување на мирот и просперитетот во целиот регион, напиша Круимеди на Фејсбук. Претходно договорот го поздравија шефот на албанската држава Илир Мета, оценувајќи дека стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и на регионот, потоа премиерот Еди Рама кој посака колку е можно поголема корисна соработка за Албанците од двете страни на границата и овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, кој оценува дека поради многуте предизвици што се пред двете земји, засилената меѓусебна соработка е неопходна. вт/гт/

Остани поврзан