• сабота, 23 ноември 2024

Албанија го затвори воздушниот простор за руски авиони, а воведе и други санкции

Албанија го затвори воздушниот простор за руски авиони, а воведе и други санкции
Тирана, 27 февруари 2022 (МИА) – Албанија од вечерва го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, информираше министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Според неа од тоа се изземаат оние летови кои се за хуманитарни или медицински цели или меѓудржавни потреби. Џачка информираше и за други економски санкции против Русија, што ќе траат „сè додека Русија продолжува со агресијата врз Украина“. - Економските санкции опфаќаат ограничувачки мерки во секторот финансии, енергија, транспорт и технологија. Исто така Албанија нема да учествува на ниту еден спортски натпревар со Руската Федерација, истакна меѓу другото Џачка соопштувајќи ја одлуката на албанската Влада. Во целина рестриктивните мерки ќе важат за 654 личности и 52 субјекта. Дополнително, како што нагласи, воведена е забрана за патување на албанска територија за лица наведени од ЕУ. вт/ми/

Остани поврзан